Шарената револуција утре ќе блокира крстосници

Од:

Утре во 12 часот, Шарената револуција и Протестирам ќе го блокираат сообраќајот во Скопје на крстосниците кај Судска палата, кај Црвен крст и кај Соборен храм.

Активистите ги повикуваат грѓаните масовно да се приклучат кон овој протест за да испратат порака на единство и одлучност.

– Сите граѓани кои можат и сакаат да се приклучат на блокадата, може да дојдат на некоја од трите крстосници во 12 часот. Нашиот протест ќе биде мирен и достоинствен. Преку блокирање на улиците ќе покажеме како всушност изгледа со години нашaта земја. Ние живееме во блокирана држава, со блокиран пристап до правда, со блокирани и партизирани институции. Ќе го оневозможиме движењето како што со години оваа власт ја оневозможува еднаквоста пред законот и слободата на граѓаните – порачуваат шарените револуционери.

Активистите истакнуваат дека нивните досегашни дејствија не биле залудни и дека резултатите се веќе видливи. Порачуваат дека сега ќе продолжат посилно иако се свесни дека овој пат е тежок.

– Само со истрајност во протестите ќе ја принудиме оваа власт да ги исполни нашите демократски барања. Ги повикуваме сите кои не можат да се приклучат на разбирање и толеранција. Наместо да се лутите, свирнете за поддршка. Сетете се, сѐ што бараме е правда и еднаквост за сите нас. Ова е нешто што секој треба да го поддржи – велат од Шарената револуција и движењето Протестирам.

Би можело да ве интересира

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Ана Ололовска