Шарената револуција денеска во 13:00 часот ќе собира донации за демонстрантите против кои се поднесени кривични пријави. Тие велат дека настанот ќе трае до крајот на денот и очекуваат поддршка.
– Полседниве неколку дена само во Скопје се поднесени седум кривични пријави против шарените револуционери. Затоа ве поканувам во кафе барот Излет каде ќе се организира настан за собирање на паричи средства и поддршка, вели во повикот манекенката и актерка Катарина Ивановска.
Демонстрантите потсетуваат дека за денеска во Скопје не е најавен протест, но дека ќе протестираат Струмица, Радовиш, Валандово, Охрид и Прилеп.
Солидарност со демонстрантите!Добро утро!
Потсетуваме дека денес во Кафе “Излет” од 13:00 часот па до крајот на денот собираме донации за подмирување на казните за демонстрантите на #ШаренаРеволуција.
За денес протест во Скопје не е најавен, а ќе протестираат Струмица, Радовиш, Валандово, Охрид и Прилеп.Posted by Шарена револуција on Tuesday, June 7, 2016