Во оваа зграда се правел договорот како да се скрие убиство на дете. Во оваа зграда планирале како да не тепаат на 5 мај. Во оваа зграда планираа како да ги исфрлат новинарите и пратениците на 24 декември од Собрание. Во оваа зграда се ковани криминали, се уништувани судбини, се ништени професионалци кои што работеле во администрацијата, рече пред зградата на Владата, Васко Лазаревски.
– Во оваа зграда ќе влезе нова демократска Влада на Република Македонија и на таа нова демократска Влада имаме само едно барање, да им овозможи фер судење на криминалците и сите во затвор да одат. Не им простуваме, рече пред демонстрантите Лазаревски.