Учесниците во Шарената револуција истурија кофи со црвена боја на плоштадот, местото каде што беше убиен Мартин Нешковски пред пет години. Тие порачаа дека не го заборавија и нема никогаш да го заборават убиството на младиот Нешковски. Истовремено, преку звучници се пуштаа снимените разговори на поранешната министерка за внатрешни работи и други функционери за убиството.