Јас сум тука за сите оние кои платија за она што се надевам еден ден ќе го нарекуваме слобода. Тука сум затоа што ја очекувам утре големата награда, а наградата ќе ми ја дадат моите внуци, моите деца, вашите внуци. Кога ќе ги прашаат каде беа татко ти, дедо ти, тетка ти, сестра ти кога Македонија беше под окупација, ние ќе им кажеме на вистински место со вистински луѓе, рече пред демонстрантите Ѓунер Исмаил.
Дојдете со нас да изгрее ново сонце на слободата, рече Исмаил.