„Протестирам“ и вечерва ги активираа импровизираните чатали и ја покрија белата фасада на Владата со препознатливите шарени бои.
На протестот се појави и жена преправена во гатачка, алудирајќи на аудио снимките што протекоа во јавноста, каде се слуша разговор помеѓу еден претседател на политичка партија чија аболиција неодамна беше укината и жена која наводно му ја претскажува иднината.