Кривични пријави за демонстранти од Шарената револуција

Од:

Министерството за внатрешни работи поднесе две кривични пријави против седум лица и тоа П.Б. поради постоење на сомнение за извршени две кривични дела „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ во деновите 18.04.2016 и 30.05.2016 година, додека лицата М.З., И.М., С.С.К., А.Г. и Н.П. сите од Скопје и А.К. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за извршено едно кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ предвидено и казниво по чл.385 од КЗ на РМ на ден 30.05.2016 година.

„Првото кривично дело е извршено за време на одржување на ненајавени протести организирани од страна на група граѓани-граѓанско здружение „Протестирам“, на 18.04.2016 година од 18:00 часот до 21:00 часот, кога протестот се одвивал на просторот пред Зграда на Министерство за култура на Република Македонија лоцирано на ул. Мирослав Крлежа бр. 61, Скопје, кој објект е значајно културно наследство. Имено, П.Б. кој активно учествувал на протестот, со намера да нанесе штета, употребил повеќе балони наполнети со боја кој ги фрлал во правец на Министерството за култура на Република Македонија каде ги оштетил надворешните ѕидови – фасада на зградата“, стои во соопштението на МВР.

Во соопштението, МВР признава дека Едницата за брзо распоредување ги снимала демонстрантите, а потоа врз основа на видео материјалот се идентификувале демонстрантите

„Второто кривично дело, извршено од страна на претходно пријавениот П.Б. и М.З., И.М., С.С.К., А.Г. и Н.П., извршено е на 30.05.2016 година од 19:00 до 20:00 часот, за време на одржување на протест пред објектот „Порта Македонија“, лоциран на ул.„11 Октомври“, бр.4А – Скопје, кој објект е недвижно културно наследство-културен споменик, со што причиниле материјална штета околу 3000 евра во денарска противвредност“, стои во соопштението.

Според соопштението, од страна на полициски службеници од СВР Скопје кои биле службено ангажирани за обезбедување на протестниот собир, бил забележан пријавениот П.Б. како од ТМВ марка Фиат Добло со скопски регистарски ознаки, во сопственост на Политичката партија СДСМ, а управувано од пријавениот, кое било паркирано на ул.„11 Октомври“ во непосредна близина на објектот „Порта Македонија“, била извадена импровизирана направа – катапулт и две кеси со боја, кои подоцна се искористени за оштетување на објектот „Порта Македонија”. Околу 20:00 часот, од страна на полициски службеници при СВР Скопје, при вршење на редовни работни задачи било сопрено ТМВ марка Фиат Добло, управувано од пријавениот Н.П. и при извршениот преглед на возилото биле забележани канти со боја и импровизирани направи – катапулти за исфрлање на боја, за што истиот е лишен од слобода, додека ТМВ марка Фиат Добло е донесено во ПС „Кисела Вода“ каде истото било заклучено од страна на сопственикот и адвокатот, кој побарал наредба за претрес на возилото.

„Во врска со кривично-правниот настан беше запознат дежурен ЈО, при што од негова страна дадена е насока да се изврши разговор со пријавениот Н.П., а исто така да се изврши претрес на возилото марка Фиат Добло и предметите кои потекнуваат од кривичното дело да бидат одземени“, стои во соопшението на МВР.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он