(ВИДЕО) Дуриќ: Сите што се бориме за правда не казнувате, прекомандувате и ставате на ниски позиции

Од:

Сите ние кои сме тука и сите ние што се бориме за правда не казнувате. Ни давата слаби службени оцени, не преместувате и прекомандувате заради наводна потреба на службата. Не ставате на пониски работни позиции. Од друга страна, вашите деца, пријатели и послушници на власта без никакви кавалификации, без никакво работно искуство, без никакви заслуги службени ги вработувате, ги унапредувате, ги поставувате на високи раководни позиции. А најзаслужните ги праќате на усовршување во странство со наши, граѓански прави, рече пред демонстрантите Јасмина Дуриќ, вработена во Армијата на Македонија.

– Овде сум за да зборувам во името на сите тие ние кои ги осетивме вашите крајно садистички методи на заплашување. Јас сум дете на самохран родител, работам чесно, одговорно во Армијата 14 години. За што, за да ја прехранам мојата фамилија и за да платам на време сметки. За целиот тој период, вие не најдовте за сходно да ме унапредите според моите квалификации, вие најдовте за сходно да ме прекомандувате во Кичево, а зошто, за да не присуствувам на протести. Нема да ме спречите зошто десет години ги гледам неправдите кои ги правите во државната администрација. Месец дена ме контролирате дали сум на боледување или на протести, месец дена за истиот период немавте за сходно да ми вратите на мојата жалба. После 14 години направивте јас да не можам да се поздравам со мои колеги. Ме избегнуваат колегите, не смеат да се поздрават со мене, не смеат да ми се јават зошто знаат дека прислушувате. Избегнуваат да се сретнат со мене јавно зошто знаат дека е долга раката на режимот и дека тој ригорозно ќе ги казни, рече Дуриќ.

Би можело да ве интересира

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Ана Ололовска