Не ми е јасно како може Никола и Али Ахмети да не знаат дека е дојден крјаот. Е затоа и денеска и овие денови сме тука да им кажеме, заврши патот Никола, готово е, збогум. Најстрашно е што твојот пат заврши, а ти им најде пат на пола милион Македонци да се исселат надвор од Македонија, млади, образовани, слободоумни граѓани кои требаше да ја градат Република Македонија, рече пред демонстрантите генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.
– Најстрашно е што не можевте да разберете дека се буди шаренилото во Македонија. Не можевте да разберете се додека не пукна на ѕидовите од таа Триумфална порта, на ѕидовите од таа шампита, на ѕидовите на милионските огради на мостовите. Ама сега нема спас. Пука Република Македонија за слобода и демократија, рече Спасовски.
Готово е, сега народот се разбуди Никола. Нема страв, нема веќе кој да ти помогне. Ниту Миле со хилтата, ниту Гоца со тефтерчето, ниту Чавков со камерата затоа што е безгласна буква. И затоа време е пораката од тука да ја разбереш дека мора да заминеш час поскоро. Мора да заминеш заради тоа што протестираме и денеска, и овие педесетина дена низ Македонија и не ти се плашиме. Ќе продолжиме понатаму и да се бориме и да се чаталиме и да боиме и се ќе тераме по ред само да се вразумиш, само да ја ослободиме Македонија, рече генералниот секретар на СДСМ.
Тој им даде поддршка на полицајците да продолжат да ги штитат институциите, но не и криминалците.
– Овие криминалци допринесоа сите права полицајците да ги добиваат преку суд наместо тоа што ви следува редовно, рече Спасовски.