Одбележување на Светскиот ден на згрижувачите

Од:

Црвениот крст на град Скопје денеска на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза со хепенинг и дружење со децата, згрижувачите и волонтерите на Црвен крст на град Скопје, ќе го одбележи 1 јуни, Светски ден на згрижувачите.

Ќе бидат поставени тенди на кои ќе се осмисли програма со аниматор во кои интерактивно ќе се вклучат и децата, а ќе се забавуваат и со  изведувачи на детски песнички.  Идејата е  самите згрижувачи на настанот да проговорат, да го споделат личното искуство и да ги поттикнат останатите граѓани да ја прифатат оваа форма. Исто така ќе се реализира и ликовна работилница со ликовен уметник и педагог.

Црвениот крст на град Скопје во соработка со  Министерство за труд и социјална политика, ЈУ  Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје имплементира годишна програма за социјализација на деца и млади со посебни потреби и деца сместени во згрижувачки семејства со цел подобри услови за  живот на децата сместени во згрижувачки семејства.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

A1on

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски