Шарената револуција и вечерва помина покрај Министерството за правда кое повторно беше на удар од демонстрантите. Со платични пушки се “стрелаше“ во ѕидовите на министерството. Од тука демонстрантите порачаа “Не 24/7, туку 56/56“ повторувајќи дека нема да престанат ниту протестите, ниту боењето се додека не биде поништена аболицијата за сите 56-мина.