Демонстрантите од Шарената револуција вечерва ја обоија зградата на Владата на Република Македонија.
Тие со помош на два рачни катапулта, како претходните денови што ги боеја Собранието и Триумфалната порта, вечерва успеаја да ја обојат и Владата.
Со секое нивно заплашување стануваме побројни, похрабри и поистрајни во борбата. Остануваме на улица до целосно разрешување на кризата, ќе останеме и при градењето на новите демократски вредности. Ќе има првда, ќе има мир! Се гледаме на улица, велат од Протестирам.