Вечерва на протестот на Шарената револуција се случи инцидент. Автомобил влета помеѓу демонстрантите за да избегне да чека да помине целата колона која се движеше кон Владата, по што беа фрлени пластични шишиња кон возилото. Сопственикот на возилото излезе со цел да се пресмета со тие што фрлија со шишиња, по што настана мала турканица. Подоцна возачот објасни дека брза на лекар за дететото кое беше во автомобилот, по што му беше отворен патот од демонстрантите.
За среќа нема повредени, но ваквата постапка на возачот на автомобилот предизвика револт кај граѓаните кои се движеа кон Владата.