Во три часот изутрина се запалени возилата на сопственикот на кафулето „Кала“ и на неговата сестра кои биле на различни локации.
И двете возила се запалени речиси иствремено. Возилото голф 7, на сопственикот на Кала е целосно изгорено, а пежото 207, сопственост на неговата сестра иако не е целосно изгорено, сепак нема да може повеќе да се употребува.
Полицијата се уште врши увид и собира траги за евентуално пронаоѓање на сторителите.