Демонстрантот беше приведен затоа што било поднесено барање по кривично дело за оштетување на туѓи предмети и со цел да се најдат предмети кои потекнуваат од тоа кривично дело или за тоа кривично дело, рече за А1он адвокатот на демонстрантот, Мирослав Вујиќ.
– Во комбето се пронајдени неотпакувана боја, детски пушки на вода, неотпакувани, неупотребени, така да оваа процедура до сега траеше да се потпише, да се добие адекватна наредба и да се изврши претрес. Чекавме да се обезбеди адекватна наредба од судија, така да не сакавме да пристапиме, сепак се работи за партиско возило и за официјално вработен во партијата, рече Вуиќ.