Во една изјава нашиот бивш премиер се пожали дека никој не му кажал “Фала Никола“! Денеска ќе му речам фала што не собра сите, фала му што ми ве подари вам. Тоа никогаш нема да ти го заборавам Никола, рече пред демонстрантите Симона Спировска од Шарената револуција.
-Ама нема да ти ги заборавам медиумите, нема да ја заборавам А1 телевизија, нема да ги заборавам сите украдени медиуми, нема да ти ја заборавам Тамара, нема да ти го заборавам Мартин, соборците кои ги изгубивме по пат, за сите ќе ни платиш, рече таа.
Додека се бориш да ја спасиш својата кожа, ние се бориме за правда и слобода за сите. Додека ти и Фикусот го браните ајварот, ние ја браниме демократијата, Николај. Слободно да сликате со ајварот. Направивте во сопствената држава да треба да се криеме од чавките на Чавков. Ние да се криеме, наместо вие кои ја крадите државата десет години и треба да шетатае слободно и уште да ви кажеме фала на крај?
За Фикусот, ќе упатам само две барања. Целосно повлекување на аболицијата Фикусе, и твоја оставка, рече Симона Спировска пред демонстрантите.