Еден демонстрант од Шарена револуција веднаш по протестот вечерва е приведен во полициската станица „Пролет“ дознава А1 он.
Според информациите се работи за сопственикот на пикапот од кој секојдневно се пушта музика на протестите на Шарената револуција. Автомобилот е запленет и претресуван, без да се покаже налог. Неофицијално, причината за приведувањето е поради тоа што во пикапот биле пренесувани боите и катапултите, односно чаталите со кои се мава по Триумфалната капија и Собранието.
Дел од демонстрантите се пред полициската станица „Пролет“ и ја блокираа улицата.