Вершбоу: НАТО мора да ја зајакне својата застрашувачка способност

Од:

Заменик генералниот секретар на НАТО, Александар Вершбоу изјави дека на јулскиот Самит во Варшава би било добро да се изврши зајакнување на „застрашувачката способност на Алијансата“.

За порталот натоаактуал.цз, Вершбоу оцени дека „формулирањето на застрашувачката политика“ е потребно не само поради Русија, на која во моментот мисли мнозинството, туку и поради потребата за спротивставување на заканите што доаѓаат од сите страни. 

– Сигурно дека треба повеќе да им помогнеме и на нашите соседи на Истокот – Украина, Грузија, Молдавија и нашите партнери на Блискиот Исток, рече високиот претставник на НАТО.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, Вершбоу посебно позитивно ја оцени иницијативата на Вишеградската група (Чешка, Словачка, Полска и Унгарија), идната година да испратат воени единици во балтичкиот регион, кои наизменично ќе се менуваат од армиите на земјите-членки.
– Прво е потребно да се одговори на директните закани од Русија. Ние треба ефективно да се соочиме на нејзиниот агресивен став, со кој ја демонстрира својата подготвеност да употреби сила против своите соседи и нејзината способност да ги промени меѓународните граници и да ги дестабилизира суверените држави, рече Вершбоу во врска со соработката меѓу НАТО и Русија.
Тој, потенцира дека за да може да се обнови тоа Партнерство, Москва би требало драстично да го смени своето однесување, а првиот чекор би бил целосно спроведување на Договорот од Минск за надминување на конфликтот во Украина.

Би можело да ве интересира

Претстојниот Самит на НАТО и поддршката за Украина, главни теми на средбата на министрите за одбрана на Алијансата

Горан Наумовски

Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина најави Лавров

Реакции од Италија: „НАТО не може да не принуди да убиваме во Русија, Столтенберг да поднесе оставка“

Предраг Петровиќ

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии