Пехарот наменет европскиот шампион во фудбал по вечерашното финале ќе отпатува за Мадрид бидејќи финалисти на „Сан Сиро“ во Милано се мадридските екипи Реал и Атлетико. Ова е всушност реприза на финалето од пред две години кога Реал победи по продолжение со 4:1.
Ова ќе биде можност за реванш на Атлетико и воедно во третото финале во ова натпреварување да го освои првиот пехар. Реал Мадрид пак е најуспешниот европски клуб со 10 титули европски шампион, а има настап на 13 финални натпревари.
За двата тима ова ќе биде можност сезоната да ја завршат со трофеј бидејќи во шпанското првенство и шпанскиот куп пехарите завршија кај екипата на Барселона.
По шести пат во финалето ќе играат екипи од иста држава, а стадионот во Милано „Сан Сиро“ чевртипат е домаќин.
Натпреварот ќе го суди Марк Клатенбург од Англија, а почетокот е во 20:45 часот.