(ВИДЕО) Богоев: И јас фрлав со боја, повикајте ме на информативен разговор!

Од:

„Зарем има поголема општо корисна работа од протестите на Шарената револуција? Тие се најголемата општо корисна работа во моментов за цела Република Македонија. Тие имаат за цел сите да бидеме еднакви пред Уставот и законите. Не може некои што украл во Велес 150 ќебапчиња, некој што е гладен да одговара со затворска казна, а некои што милијарди испумпале од државата да не одговаарат на ниеден начин.

Како што попушти ВМРО-ДПМНЕ за бетон изборите на 5-ти јуни, така ќе ја повлечат аболицијата. Битно е граѓаните да издржат и да продолжат во тоа што сите заедно го правиме. Не смее да има откажување, одиме до крај, ова мора да се заврши. Мора криминалците да бидат изведени пред судот на правдата и мора пред Уставот и законот да бидеме сите еднакви“, рече Стефан Богоев, пратеник и претседател на СДММ.

„Граѓаните кои се организатори и во први редови ќе останат запишани во историјата како први меѓу еднаквите кои се бореле во Шарената револуција и се избориле за слободна, демократска и европска Република Македонија.

Се одлучивме највисокото раководство да учествува и во фрлањето на боја, што е препознатливо за Шарената револуција како поддршка на оние протестанти кои беа повикани на информативен разговор.
Застанавме во нивна поддршка, и јас бев еден од тие кои фрлаа, спремни сме, ако веќе викаат нека не викнат и мене и Заев и Шекеринска. Тоа нема да не спречи.

Граѓаните се излезени на улица, 7 недели веќе протестираат и се крајно решени да ја истераат работата, до конечно исполнување на барањата на Шарената револуција, меѓу кои првото е повлекување на аболицијата“, изјави Богоев.

Би можело да ве интересира

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Ана Ололовска