Демонстрантите скокаат на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и извикуваат „Оваа влада не чини“, како пародија на интервјуто на поранешниот премиер Никола Груевски кој тврдеше дека невладините имале тренинзи на кои ги терале да скокаат од маса на програмата на ВМРО-ДПМНЕ.
Нема да дозволиме ни да избегаат со украденото, а уште помалку да останат во земјата несоочени со правда. Нема да дозволиме повторно заташкување на ситуацијата и губење на уште една година во реформи од типот „едно напред, три назад.“