(ВИДЕО) Најчевска: Заробени сме во кенеф за кој не убедуваат дека е палата од соништата

Од:

Се работи за тоа дека ни газат по основното човеково достоинство, дека не тераат да молиме за она што ни припаѓа. Се работи за тоа дека не тераат да се лигавиме на секоја коска која што ќе ни ја фрлат, дека сме подолу од најдолните. Ни со една нога не сме влегле во 21 век. Се работи за тоа дека сме заробени во овој кенеф за кој што не убедуваат дека е палата од соништата, рече пред демонстрантите универзитетската професорка Мирјана Најчевска.

Многу е проста работата, се работи за високи функционери кои што лажеле, краделе, мамеле, се заканувале, измачувале и убивале и сме ги фатиле на дело. И сега се обидуваат да се извлечат, не се работи за политика, не се работи за идеологија, не се работи за различни мислења и различни перцепции, се работи за најобични криминалци кои што не сакаат да одат во затвор, рече Најчевска.

Според неа, секоја мафија мора да оди на робија и за да покажат дека не се плашат, ги повика демонстрантите секој од нив да фрли по една колоритна бомба со која ќе го обележат тоа што е на граѓаните, а не на партијата.

– Ни ја уништија сегашноста и ни ја заробија иднината. И нашата и на нашите деца и на нашите внуци. Доста беше, не одиме ни чекор наназад и не ви се плашиме, рече Најчевска.

Би можело да ве интересира

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Ана Ололовска