(ВИДЕО) Заев: Нека не казнат сите нас, не може да не заплашат

Од:

Ова денеска како перформанс на сите нас хулиганите и хулиганките составен дел на оваа Шарена револуција беше чин на солидарност кон сите оние другари и другарки кои што се под мечот на неправдата и репресијата од страна на оваа власт за да споделиме повеќе илјади граѓани, вклучително и нас, лидерите на политичките партии, на понесување на одговорноста на фарбањето на институциите кои што се веќе делегитимирани во Република Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев по фрлањето на боја кон Министерството за правда.

– Еве сега нека не казнат сите нас. Нека го казнат Зоран Заев, Фијат Цановски, Билјана, Самка, сите што не гледате како претседатели на партиите и сите граѓани кои што се потписници, а се илјадници на број. Не може да не казнат сите, не може да не заплашат. Секој нареден чекор за заплашување значи само охрабрување на граѓаните кои што си ја сакаат Македонија да се врати во нивни раце, рече Заев.

Според него, ова е финале од кое нема бегање, секој во Македонија мора да одговара и законот да важи еднакво за сите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски