Данец на суд: Фаќал келнерка Македонка за задник во Дубаи

Од:

Генерален директор на данска компанија со претставништво во Дубаи сексуално вознемирувал келнерка од Македонија во клуб покрај плажа, извести дневниот весник на англиски јазик „Галф Њуз“, кој излегува во Обединетите Арапски Емирати.

Обвинителите покренале овинение против 44-годишниот дански директор за сексуално вознемирување и допирање за задникот, како и за пцуење на колегите на македонската келнерка кога тие побарале од него да го напушти клубот. Осомничениот е обвинет и за конзумирање алкохол.

– Не, јас не сум виновен. Не ја допрев. Не пцуев никого. Да, господине, јас пиев алкохол, изјави У.Р. во Основниот суд во Дубаи.

Неговиот адвокат Махер Салама Ал Махди побара до судијата судењето да биде одложено за да може да ја подготви одбраната за својот клиент.

Според извештајот од полицијата во Дубаи, настанот се случил додека клубот бил преполн, а осомничениот ја допрел келнерката од Македонија за задникот. Дваесет и деветгодишната келнерка сведочеше дека инцидентот се случил кога осомничениот и неговите пријатели пристигнале во клубот, сакајќи да добијат маса, иако немале резервација.

– Тие сакаа да седат на маса без да нарачаат за пиење. Тоа е против политиката на клубот. Им реков дека не можат да добијат маса ако не нарачаат. Се обидов да стојам настрана. Но, тој ме допре за задникот. Јас извикав на цел глас, пред надлежните од обезбедувањето да ги исфрлат, изјавила келнерката од Македонија за весникот.

Би можело да ве интересира

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Семејството ќе ја оствари последната желба на пејачката која загина во Дубаи

А1он

Девојка од Бијелина загина во Дубаи откако падна од 24 кат

ВИДЕО: Во Џеда продолжи изградбата на највисоката кула во светот, ќе биде 1.000 метри

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Авион со 167 патници се запали во воздух

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дубаи: 16 лица загинаа во пожар во станбена зграда

Горан Наумовски