Руската и сириската војска од септември минатата година ликвидирале една третина од припадниците на Исламска држава и Фронтот ал Нусра во Сирија, изјави вчера функционер во Советот за безбедност на Русија Сергеј Лукјанов.
Руските сили воената операција во Сирија ја почнаа на 30 септември минатата година.
– Според нашите проценки на почетокот на нашата операција Фронтот ал Нусра и Даеш имаа 80 илјади исламисти. Веќе се ликвидирани 28 илјади, изјави Лукјанов на 7. Меѓународен собир на високи претставници за прашања од сферата на безбедноста.
Тој наведе дека меѓународната коалиција, предводена од САД за две години убиле пет илјади терористи.