Во Македонија денеска се одбележува 24 мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.
По тој повод делегации на Владата и на Собранието на Република Македонија положија цвеќе пред Споменикот на Свети Кирил и Методиј на плоштадот Филип Втори во Скопје.
Цвеќе положија и делегација на Армијата на Република Македонија, градоначалникот на Град Скопје, претставници на Советот на Град Скопје, на политички партии, локални самоуправи и здруженија на граѓани.
По овој повод делегација на СДСМ положи свежо цвеќе на споменикот на сесловенските просветители на платото во Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.