Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид Кристијано Роналдо се повреди на денешниот тренинг, но се уште не е познато дали е загрозен неговиот настап во финалето од Лигата на шампионите против градскиот ривал Атлетико.
Според „Марка“ Португалецот по дуел со Дани Карвахал падна на теренот и потоа го напушти тренингот.
Најдобриот стрелец во ЛШ поради повреда го пропушти и првиот меч од полуфиналето против Манчестер Сити, а беше под знак прашалник за реваншот.
Интересно, Роналдо пред две години, кога во финалето исто така играа Реал и Атлетико беше повреден, но сепак го одигра натпреварот и при тоа постигна гол од пенал во продолженијата по што неговиот тим победи со 4:1 и стигна до титулата европски шампион.
Завршниот дул од ЛШ се игра в сабота во Милано.