(ВИДЕО) Не можат да ја убијат желбата за слободна и демократска Македонија никогаш, со ниеден куршум

Од:

Не поделија под секаков основ, Македонци против Македонци, Македонци против Албанци, патриоти против предавници. Не свртеа едни против други, рече еден од демонстрантите.

– Ги слушнавме и коментарите на Жугиќ и гумените куршуми, а уште пострашно, го видовме и коментарот на Нонковиќ кој што бара полицијата да употреби нормални куршуми за демонстрантите од Шарената револуција. Не им се плашиме, ништо не ни можат, не можат да ја убијат идејата на Шарената револуција, не можат да ја убијат желбата за слободна, демократска и просперитетна Република Македонија, никогаш, со ниеден куршум, рече демонстрантот.

Според него, најголемиот проблем што ја спречува Македонија да биде слободна, демократска и просперитетна е врхушката на режимот на чело со Никола Груевски.

– Време е Македонија да го доживее примерот на Словенија, или да го доживее примерот на Хрватска, каде што премиерот во тоа време, Јанеш Јанжа падна во затвор за корупција, Иво Санадер падна во затвор за корупција, време е и Македонија да ги види корумпираните политичари зад решетки. Време е Македонија да го види и Никола Груевски зад решетки, рече демонстрантот.

Би можело да ве интересира

Шарените револуционери Савески и Куновски одново на обвинителна клупа

Васко Маглешов

По 3 години ќе се чисти бојата од шарената револуција на Јавното обвинителство

ВИДЕО: Најчевска казнета со 200 евра за фрлање боја

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Богоевски: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција

Наум Локоски

Повторно одложено судењето за Мариглен Демири, следното рочиште закажано догодина

Наум Локоски

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Ана Ололовска