Споменикот на Пјетер Богдани кој вчера вечерта по полноќ беше оставен во паркот „Жена Борец“, утрово е поставен но со грешен датум на смртта.
Според официјалните податоци, Богдани, кој се смета за основоположник на Албанската книжевност бил роден во село близу Призрен, во 1630 година, а по враќањето во Приштина, починал во декември 1689 година, а не во 1686 година, како што пишува на споменикот во Жена парк.
Дека Пјетер Богдани починал во 1689 година може да се види и на валутата од 1000 лека во Албанија, која е украсена со ликот на основоположникот на Албанската книжевност и каде стојат датумите на неговото раѓање и умирање.