Граѓанската иницијатива на Македонците во Хрватска ги повикува како што се истакнува, Македонските и Македонците, Хрватките и Хрватите, граѓаните и граѓанките на сите земји на собир и своевиден перформанс во сабота на плоштадт во Загреб , пред македонската амбасада.
-Во Македонија, веќе еден месец траат протестите на граѓаните откако македонскиот претседател Ѓорге Иванов самостојно, како во државата да не постои правосуден систем, одлучи да амнестира 56 политичари против кои се водат казнени постапки, пишуваат хрватските медиуми во најавата на денешниот настан.
-Македонски и Македонци, Хрватки и Хрвати, граѓани и граѓанки на сите земји, обединете се! Во сабота, во 11 часот ве повикуваме на пред македонската амбасада во Загреб да го изразиме своето несогласување со указот на македонскиот претседател,неговата светост Хорхе Иванов де ла Гуадалупе во превентивното помилување на лица осомничени за изборни измами и корупција… се вели во повикот на Граѓанската иницијатива на Македонците во Хрватска.
Како што се истакнува, сметаат дека оваа постапка нанесува штета за Македонија бидејќи со мерката не се опфатени бројни дела за кои македонското правосудство се уште не стигнало да покрене обвиненија, а нема ниту тоа да го направи некогаш.
=Затоа во акцијата колективно помилување ќе ја исправиме грешката на претседателот Св. Хорхе. Ќе ги помилуваме сите македонски државни органи што се корумпирани, па во тоа својство ја повикуваме амбасадата на РМ да ги прими помилувањата..се вели во највата за настанот кој го организираат Македонците во Хрватска.