ЕУ парите од Нобеловата награда ќе ги донира

Од:

Европската комисија денеска соопшти дека ги добила од Европската унија парите од Нобеловата награда за мир, која на Унијата ѝ беше доделена во октомври. Средствата ќе бидат искористени за поддршка на проекти поврзани со деца што настрадале во војни во целиот свет.

Одлуката за насочување на сумата од 930.000 евра кон вакви проекти е донесена заеднички од претседателите на Европската комисија, Европскиот парламент и на Европскиот совет. Следните недели треба да биде прецизирано кои проекти ќе ги добијат парите.

Во меѓувреме, ЕУ распиша конкурс за деца и млади на кои ќе им овозможи да учествуваат на доделувањето на Нобелот за мир во Осло. На конкурсот може да се пријават лица на возраст од 8 до 24 години од членките на ЕУ и земјите-кандидати, така што до 25 ноември ќе испратат цртеж или писмен состав на тема: „Peace, Europe, Future: What does Peace in Europe mean to you?“

Европскиот младински форум ќе одбере 16 најдобри трудови, а потоа ќе избере по еден победник во три категории – од 8 до 12 години, од 13 до 17 години и од 18 до 24 години. Плус еден млад делегат ќе биде избран преку директно гласање на Фејсбук, каде ќе бидат постирани 16-те најдобри трудови.

Четворицата избрани на 10 декември ќе учествуваат на церемонијата на доделувањето на Нобеловата награда за мир, заедно со највисоките функционери од ЕУ. Нобеловиот комитет на 12 октомври објави дека Нобелот за мир годинава оди во рацете на ЕУ, за обединување на континентот и придонесот за мирот, демократијата и човековите права.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он