Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави дека засилувањето на борбата против корупцијата и ратификацијата на договорот за демаркација на границата со Црна Гора, се двата услови што треба да ги исполни Приштина, пред граѓаните на Косово да почнат да патуваат без визи во ЕУ.
Како што јави дописникот на МИА, Мустафа нагласи дека ратификацијата на договорот за демаркација ма косовско-црногорската гранциа, на што се противи опозицијата, „треба да се случи“.
Мустафа на седница на Влада посебно се заблагодари за ангажираноста на министрите кои работеле на исполнување на критериумите за визна либерализација.
– Сакам посебно да му се заблагодарам и на Парлементот за да се забрзаат некои процеси и да се исполнат потребните критериуми за препораката за визна либерализаиција, што е историска одлука на ЕК. Но, дадени ни се уште два услова кои треба да ги исполниме, ратификацијата на договорот за демаркација на границата со Црна Гора, кое како прашање не треба да се релативизира, туку треба да се случи и борбата против корупцијата, изјави Мустафа.
Спорд него, демаркацијата на границата не е прашање на поединци или политичка партија и затоа како такво тоа треба да се случи.
Тој изрази уверување дека Владата, која како што нагласи е одлучна во сузбивање на корупцијата, ќе се покаже и како успешна на овој план и оти Косово ќе добие визна либералзиација за своите граѓани.