Без вода во петок жителите од повисоките делови на Кавадарци

Од:

Поради дефект на регионалниот водовод Лукар од кој неколку општини од Тиквешијата добиваат вода за пиење која се носи педесетина километри од под планината Кожуф, утре 12 часа без вода ќе останат жителите од повисоките делови на градот Кавадарци.

– Поради отстранување на дефектот, без вода за пиење ќе останат жителите од повисоките делови на градот и тоа во временскиот период од 12 до 24 часот. Во истиот временски интервал, во пониските делови на Кавадарци водоснабдувањето ќе биде со помал притисок, информираа денеска од кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец”.

Оттаму побараа разбирање од страна на граѓаните,  кои ќе се соочат со немањето на вода за пиење, или намален притисок на вода во чешмите.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак