Јоханис: Американскиот ПРО не е насочен против ниту една држава

Од:

Американскиот систем за противракетна одбрана „Иџис ашор“ (Aegis Ashore), што е разместен во романската воена база Девеселу, денеска и официјално ќе биде пуштен во употреба во присуство на романскиот премиер Дачиан Чолош, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и американскиот заменик министер за одбрана, Роберт Варк, информира Аџерпрес.

Романската државна агенција јавува дека на церемонијата ќе присустуваат и други високо позиционирани официјални лица од Романија, САД и НАТО.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој во Романија пристигна специјално за церемонијата во Девеселу, денеска во Букурешт се сретна со претседателот Клаус Јоханис. По разговорот двајцата одржаа заедничка прес-конференција.

Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека противракетниот штит во Девеселу не е насочен против ниту една држава и подвлече дека тој има строго одбранбена функција.

Романија и САД на 13 септември 2011 година склучија спогодба за разместување на системот за одбрана од балистички ракети на територијата на Романија. Изградбата на противракетниот штит почна на крајот од октомври 2013 година.

Во декември минатата година беше соопштено дека во воената база во Девеселу, во јужна Романија, успешно завршило разместувањето на земскиот комплекс „Иџис“. Во базата ќе бидат разместени радарски комплекс „Иџис“, центар за оперативно управување со ПРО и мобилни батарии со ракети-пресретнувачи од типот „SM3-IB“.

Системот ќе биде опслужуван од 200 американски војници.

Во план е интегрирање на системот во можностите на НАТО за противракетна одбрана, а предвидениот рок е поврзан со самитот на Алијансата во Варшава во текот на јули, забележува Аџерпрес.

Руското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека инсталирањето на американскиот противракетен штит на европско тло во Романија е прекршување на спогодбата за нуклеарните сили со среден дострел на дејствие.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски