Денеска сончево и ветровито

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена, а на места и значителна облачност и со слаб до умерен јужен ветер, особено во југоисточните делови. Доцна попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, најпрво во западните, а потоа и во источните делови.

Утринската температурата ќе се движи од пет до 13, а дневната од 22 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена, а попладне и значителна облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Доцна попладне ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе достигне до 11, а дневната до 26 степени.

Поизразена нестабилност ќе има во четврток попладне кога на повеќе места се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна и појава на невреме со изолирана појава на град. В петок и в сабота ќе биде топло и ветровито со умерен до засилен југозападен ветер, кој ќе биде најизразен на повисоките места и на планините. Услови за врнежи од дожд ќе има во сабота вечер и во понеделник.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски