Четиринаесетгодишно момче се здобило со изгореници по телото откако синоќа паднало во трафостаница во прилепската населба Жабино Маало.
МВР соопшти дека група од неколку деца синоќа околу 19:00 часот поминувале покрај трафостаницата на која била отворена вратата на просторот кај високонапонските осигурувачи. Од засега непознати причини избувнал пожар, при што едно од децата на возраст од 14 години од Прилеп паднало во трафостаницата. Другите деца успеале да го извадат, но од пожарот се здобило со изгореници во пределот на грбот, рацете и десната нога.
Екипа на ТППЕ-Прилеп го изгаснала пожарот во трафостаницата.