Специјални единици во Грција и Италија за пронаоѓање на потенцијални терористи меѓу имигрантите

Од:

Европската унија ќе испрати во Грција и Италија специјалисти за борба против тероризмот за да им помогне на властите во двете земји да бараат потенцијални терористи меѓу бегалците, соопшти денеска шпанскиот полковник Мануел Навара во интервју за весникот „Паис”, пренесува ТАСС.

– Ова е нов концепт, кој во моментов се развива. Станува збор за офицери гости, вработени во различни служби во земјите членки, обучени од Европол. До летото оваа година тие ќе бидат подготвени да почнат со работа, рече Навара.

Медитеранската рута е една од главните за пристигнување во ЕУ на мигранти од Африка и Блискиот Исток. Од почетокот на годината, според податоците на Меѓународната организација за миграција, во Европа по Медитеранот пристигнале околу 180 илјади мигранти. Според голем број експерти, има потенцијална опасност меѓу нив да има терористи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Морничав случај во Грција: Син го запалил телото на татко му, делови пронајдени во корпа

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ

Сопругот на италијанската европратеничка е пронајден мртов во автомобилот

Предраг Петровиќ

Драма во Палермо: Tатко ги избодел сопругата и двете деца, а потоа се забарикадирал во куќата