Ја убила слугинката зашто не чистела добро

Од:

Жена од Абу Даби брутално ја мачела, а потоа ја убила својата слугинка зашто не била задоволна од начинот на кој ги извршувала домаќинските работи, пренесе порталот „7daysindubai.com“. Мачителката применувала ригорозни методи како врзување со струјни жици и истурање врела вода врз жртвата.

За нејзината бруталност сведочела на суд и нејзината ќерка, тврдејќи дека нејзината мајка секојдневно ја тепала починатата слугинка и во очите ѝ фрлала пипер. Иако на почетокот на сослушувањето жената го негирала злосторството, подоцна попуштила и ги разоткрила мотивите за својата бруталност.

– Ја мачев зашто беше мрзлива. Сакав да ја натерам да ги заврши домаќинските работи како што треба. Немав намера да ја повредам или да ја убијам – открила виновната. Против нејзе сведочат и форензичките докази бидејќи после обдукцијата на телото на жртвата, кое е најдено во бањата, востановено е дека слугинката починала од повреди нанесени за време на напад и дека подолг период била мачена.

Би можело да ве интересира

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Семејството ќе ја оствари последната желба на пејачката која загина во Дубаи

А1он

Девојка од Бијелина загина во Дубаи откако падна од 24 кат

ВИДЕО: Во Џеда продолжи изградбата на највисоката кула во светот, ќе биде 1.000 метри

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Авион со 167 патници се запали во воздух

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дубаи: 16 лица загинаа во пожар во станбена зграда

Горан Наумовски