Ким Џонг-ун ја поздрави севернорејската историска нуклеарна проба

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во својот говор на Седмиот конгрес на Севернокорејската работничка партија, што се одржува пред 3.400 делагати, денеска ја поздрави историската нуклаерна проба на неговата земја, пренесоа светските агенции.

– Нашата војска годинава со успех ја изведе првата проба на хидрогенска бомба, што е историски настан во 5.000-те години историја на нашиот народ, изјави Ким Џонг-ун, цитиран од француските медиуми.

Тој подвлече дека земјата постигнала резултати без преседан и огромни успеси при спроведувањето како на тестирањето на нуклеарното оружје, така и при лансирањето ракети со сателит.

Севернокорејскиот лидер посочи дека лансирањето балистичка ракета со голем дострел во пракска ја покажа големината и силата на неговата земја, забележува ТАСС.

Говорот на Ким траеше околу 15 минути. Тој на неколку пати беше прекинуван од овациите на делегатите на Конгресот, пренесе ТАСС.

Ким зборуваше на првиот ден од Конгресот, а на говорницата излезе во темен костум во западен стил и со сива вратоврска, забележуваат британските медиуми.

За следење на работата на Конгресот, инаку првиот во последните 36 години, беа поканети над 100 странски новинари. Тие, меѓутоа, не влегоа во Домот на културата „25 април“, каде се одржува настанот, туку имаа право само да „фрлат око“ од далечина од околу 200 метри. Второто изнанедување за нив беше тоа што беа одведени на разгледување фабрика за производство на жици и кабли место да известуваат од главниот настан во Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња