Мадридските ривали Реал и Атлетико ќе играат во финалето на фудбалската Лига на шампиони. Ова е исходот по синоќа одиграниот втор меч од полуфиналето во кој Реал со 1:0 го победи манчестер Сити.
Реал беше подобар противник, создаде повеќе шанси за гол, погоди еднаш и заслужено се пласира во финалето. Клучниот момент на натпреварот се случи во 20.минута кога по ударот на Герет Бејл топката го зафати гостинскиот фудбалер Фернандо, а од стативата влезе во мрежата Харт. Токму Фернандо ја имаше најголемата можност за гостите од Англија, но неговиот удар во финиш од првото полувреме заврши во стативата од голот на Реал Мадрид.
Така, во финалето на „Сан Сиро’’ во Милано, ќе играат големите мадридски ривали Реал и Атлетико. Тоа практично ќе биде реприза на финалето од пред две години, кога „Кралевите’’ до десетиот шампионски трофеј стигнаа по 120-минути игра, иако во регуларнот дел се до 94-минута Атлетико имаше предност и шанса за прв пат да го освои трофејот.
Како ќе биде овојпат останува да се види на 28 мај за кога е закажан финалниот меч од сезоната 2015/2016 во Лигата на шампиони.