Екипата на Атлетико Мадрид е првиот финалист во фудбалската Лига на шампиони оваа сезона, откако синоќа на гостувањето кај Баерн загуби со 2:1 и по победата дома од 1:0, благодарение на голот постигнат на гостински терен се пласира во финалето.
Реванш полуфиналето на „Алијанц Арена“ покрај трите гола, донесе и два пенала по еден за секој тим што не беа реализирани.
Баерн иницијативата што ја имаше ја реализираше со голот од слободен удар на Чаби Алонсо во 31.минута. Три минути подоцна беше досуден пенал за домаќините, но голманот на Атлетико Јан Облак го одбрани ударот на Томас Милер. Гостите од Мадрид изедначија преку Антоан Гризнам во 54.минута. Баерн поведе со 2:1 во 74.минута преку Роберт Левандовски. Атлетико пеналот не го реализира во 84.минута, а изведувач беше Фернандо Торес. Мануел Нојер го одбрани пеналот.
Второто полуфинале се игра вечерва меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, почетокот е во 20:45 часот. На првиот натпревар резултатот беше 0:0.