Едно лице, за кое неофицијално се вели дека беше аболиран од претседателот, денеска пукаше во комбе. Пукањето со рафални истрели беше пред еден час.
Во комбето завршија неколку куршуми. Лицето, се уште е во неговиот стан од каде што и се пукаше. Околу влезот и зградата се силни полициски сили. Зградата се наоѓа во Капиштец. Комбето во кое беше пукано беше празно и нема повредени.
Станот од кој е пукано е во сопственост на лице кое е аболирано од Ѓорге Иванов, и за кое има информација дека е сопственик на веб-портал.