Временска прогноза

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб, а во западните и во југозападните делови повремено умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 15 до 23 степени.

Во Скопје слично време, сончево и потопло. Ќе дува слаб, повремено умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти околу нулата, а дневната ќе достигне до 20 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во наредите два денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Од петок ќе преовладува променливо и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи, особено во сабота кога ќе има преодно стабилизирање на времето.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски