Советот за безбедност на Обединетите нации го повика генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун да претстави за 30 дена план како пратеникот на Светската организација за Јемен може да помогне за помирување на завојуваните страни.
СБ на ОН вчера едногласно ја усвои декларацијата со која ги повикува земјите во јеменскиот конфликт да изготват патокази за имплементирање на времени мерки за безбедност, особено на локално ниво, за оддалечување на завојуваните страни, за предавање на нивните оружја и воспоставување државни институции.
Од Бан се очекува за 30 дена да предложи како Канцеларијата на специјалниот пратеник за Јемен, Исмаил Улд Шеик Ахмед може да помогне во следната фаза од работата на земјата во конфликтот.
Во јеменската граѓанска војна загинаа повеќе од 6.200 лица, 2,5 милиони ги напуштија домовите, а една од најсиромашните земји во светот е во тешка хуманитарна криза.