Демант од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги до СДСМ

Од:

„Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги остро ги демантира наводите изнесени во денешното соопштение за јавност на СДСМ, во кое се наведува дека СДСМ очекува АВМУ да ја санкционира телевизијата ТВ Сител, заради емитување на прилог со наслов “Дали во позадина на сценаристот за дестабилизација е план за федерализација на Македонија“, и дека за овој прилог СДСМ доставиле соодветен приговор до АВМУ.

Во насока на правилно информирање, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ја известува јавноста дека денес до 20.30.часот на контакт меилот на Агенцијата [email protected], не е доставен никаков приговор од страна на СДСМ.

Воедно, и укажуваме на СДСМ дека називот на Агенцијата, е Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а не Агенцијата за аудио и аудио визуелни уметности“, соопштуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он