А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Четворица повредени во тепачка на натпреварот Вардар – Шкендија

by А1он18/04/2016 - 14:17135
Share0

Генералниот директор на фудбалскиот клуб „Шкендија“ И.Р. (46), еден полициски службеник и уште две лица се повредени на вчерашниот натпревар Вардар – Шкендија на арената „Филип Втори Македонски“ во Скопје.

Добивај вести на вибер

Според МВР, дел од навивачката група на ФК „Вардар“ се обидела физички да се пресмета со лица од раководството на ФК „Шкендија“ сместени во ВИП ложата на јужната трибина, од каде го следеле натпреварот заедно со раководството од ФК „Вардар“.

По преземени мерки од полициските службеници, навивачите биле потиснати, а раководството на ФК „Шкендија“ било префрлено на безбедна позиција на арената „Филип Втори“. Притоа, никој не се пожалил на повреди.

При интервенцијата, на повреда во пределот на коленото се пожалил полициски службеник кој бил префрлен во ГОБ 8-ми Септември за укажување лекарска помош. Истиот ден во 20:50 часот од Полициската станица – Тетово во МВР било пријавено дека во Клиничкиот центар – Тетово за преглед се пријавиле три лица кои биле повредени на натпреварот, генералниот директор на „Шкендија“, кај кого бил констатиран оток во задниот дел на главата, А.К. (54) од село Мала Речица, кој имал видливи повреди, и Ф.А. (44) од село Порој, кај кого биле констатирано црвенило во пределот на десната надлактица.

По укажаната лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

incidenti

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска17/05/2023 - 21:4517/05/2023 - 21:46

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски16/05/2023 - 16:4417/05/2023 - 21:35

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски20/07/2022 - 16:2620/07/2022 - 19:51

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов27/06/2022 - 14:3327/06/2022 - 20:13

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов16/03/2022 - 10:0916/03/2022 - 11:06

Вработена во тетовската болница пријавила физички напад од колега

Ана Ололовска13/01/2022 - 12:3913/01/2022 - 12:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен