Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен јужен ветер.
Температурата ќе се движи од 20 до 28 степени.
Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер и температура до 26 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно, суво и многу топло време за овој период од годината. Најтопло ќе биде в недела и во првите два дена од наредната седмица кога највисоката дневна температура на некои места ќе надмине 30 степени.