„КК Работнички АД Скопје ги разгледа и детално ги анализираше предлог промените во Статутот и Регистрациониот правилник, по што не се согласува со предложените измени.
Ова од причина што истите го одземаат и она мало влијание на Здружението на прволигаши во однос на текот и организацијата на натпреварувањата, но исто така не се согласуваме со сегашната состојба во која право на настап во домашната лига имаат дури 6 странки играчи во секој тим. За таа цел КК Работнички предлага:
– Надлежностите и форматот на Здружението на прволигаши да остане во досегашните рамки
– Бројот на регистрирани странски играчи да се намали на максимални 3 во секој тим
се со цел домашните играчи да добијат поголем можност за докажување во првата македонска лига – мажи.
Предлозите на КК Работнички се конструктивни и се за доброто на македонската кошарка и за овие предлози бараме подршка од сите кошаркарски клубови како и од Здружението на кошаркари на Македонија“, соопштуваат од КК Работнички.