Промовиран новиот „Хуавеи П9“

Од:

 Компанијата „Хуавеи“ во Лондон го претстави својот нов „флегшип‟ телефон, моделот П9 кој носи нова мала револуција на денешниот пазар на мобилни телефони.

Уредот со врвни перформанси и препознатлив квалитетен дизајн посебно внимание привлекува со единствените можности за фотографирање.

„Хуавеи П9“ е изработен во соработка со компанијата „Леика“, познат германски производител на оптички компоненти. Оваа кооперација на двата гиганти од две поврзани деловни области донесе целосно нов концепт на мобилните камери.

Имено, на задната страна на „Хуавеи П9“ се наоѓаат две леќи, една РГБ и една монохроматска со резолуција од 12 мегапиксели, со што овој телефон е целосно уникатен.
Благодарение на наведената иновација, главната камера е во состојба да апсорбира многу повеќе светлина и да постигне голем степен на квалитет на фотографиите, дури и при многу лошо осветлување.

На предната страна на уредот се наоѓа помошна камера со резолуција од осум мегапиксеили, како и високо квалитетен ФХД дисплеј со дијагонала од 5,2 инчи. Во внатрешноста на П9 има осмојадрен процесор Киринn 955, со по четири јадра на работен такт од 2,5 гигахерци и 1,8 гигареци.

Со 32 или 64 гигабајти работна меморија, зависно од моделот, оваа хардверска поставка со леснотија ја покренува најновата, шеста верзија на оперативниот систем Андроид.

Кога е дизајнот во прашање, „Хуавеи П9“ е достоен наследник на своите претходници од оваа серија на телефони, бидејќи од неа се преземени основните елегантни линии и докажаните функционални решенија, па овие елементи дополнително се развиени и усовршени.

Крајниот резултат е уред со импресивен изглед кој доаѓа во три бои, златна, сива и сребрена. 

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ