Сеул: Северна Кореја се подготвува за нови ракетни тестови

Од:

Севернокорејските власти на источниот брег на земјата распоредија „една или две балистички ракети со среден дострел“, кои најверојатно ќе ги лансира утре на годишнината од раѓањето на основачот на Северна Кореја, Ким Ил-сунг, јави јужнокорејската агенција Јонхап, повикувајќи се на неименуван официјален претставник на властите во Сеул.  

– Најверојатно Северна Кореја ќе ги лансира ракетите некаде околу датумот на раѓањето на Ким Ил-сунг, изјави истиот извор, додавајќи дека станува збор за проектили од типот „Мусудан“, кои уште пред три недели биле пренесени во пристаништето во Вонсан. 

Денот на раѓањето на „вечниот лидер“ Ким Ил-сунг  – 15 април, во Северна Кореја по правило се прославува со воени паради, но и со лансирање ракети. 

Си-Ен-Ен во вторникот јави дека најновите сателитски снимки на американските разузнавачки служби укажуваат дека Северна Кореја се подготвува за лансирање на „балиситичи ракети без преседан“.

Ракетите „Мусудан“ имаат дострел од над 3.000 километри.

Последното ракетно лансирање Северна Кореја го изврши на 1 април, кога истрела ракета од својот источен брег во водите на Јапонското Море, само неколку часа откако Јапонија, Јужна Кореја и САД го предпредија Пјонгјанг дека ќе се соочи со уште поголем притисок, доколку „не престане со провокациите“.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња